Ф1 тимовите не се подготвени за повеќе снабдувачи на пневматици

КРУГ.МК

11/07/2019

14:44

307

Големина на фонт

а а а

Ф1 има еден снабдувач од 2007 година, додека пак Пирели го превзеде местото на Бриџстон во 2011 година.

Во периодот на Пирели се бара голема деградација на пневматици, но минатата година италијанската компанија обезбеди нов договор до крајот на 2023 година.

Ф1 се подготвува за голема промена во 2021 година, вклучувајќи ги и 18 инчните тркала, со фокус кон намалување на трошоците и подобрување на квалитетот на тркањето. Пирели истакнаа дека би размислиле да се натпреваруваат против друг снабдувач, но тимовите сметаат дека тоа не е правилна опција.

„ВО МОМЕНТАЛНАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ФОРМУЛА 1, ПОВЕЌЕ СНАБДУВАЧИ НЕ ОДГОВАРААТ НА МОДЕЛОТ. НЕМАМЕ ТЕСТОВИ ЗА ГУМИ СЕКОЈА НЕДЕЛА, А ПНЕВМАТИЦИТЕ НЕ СЕ ГЛАВНА РАЗЛИКА ВО ПЕРФОРМАНСИ, ТАКА ШТО МОМЕНТАЛНАТА ФИЛОЗОФИЈА ФУНКЦИОНИРА, СО ЕДЕН СНАБДУВАЧ.

ТОА ЌЕ ПРОМЕНИ СЕ И ЈАС СМЕТАМ ДЕКА ЌЕ ГИ ПРОМЕНИ ПЛАНОВИТЕ ЗА ИДНИНАТА АКО СЕ ВОВЕДАТ ПОВЕЌЕ СНАБДУВАЧИ. НЕ ЗНАМ ДАЛИ ТИМОВИТЕ БИ СЕ ДОБЛИЖИЛЕ ИЛИ БИ СЕ ОДДАЛЕЧИЛЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ. МОМЕНТАЛНО, НЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ТАА НАСОКА“, ВЕЛИ ГЛАВНИОТ ИНЖЕНЕР НА РЕД БУЛ, ПОЛ МОНАХАН.

Ф1 се ослонува на еден снабдувач повеќе во изминативе 30 години, преку Goodyear (1992 – 1996), Bridgestone (1999 – 2000, 2007 – 2010) и Pirelli (од 2011 до ден денес).

Техничкиот директор на Рејсинг Поинт, Ендру Грин, е јасен дека битка помеѓу снабдувачи на пневматици ќе има негативен ефект над спортот.

„МИСЛАМ ДЕКА ИДЕЈАТА ЗА ПОВЕЌЕ СНАБДУВАЧИ ЌЕ БИДЕ ПРОТИВ ОБИДОТ ДА СЕ ДОБЛИЖАТ ТИМОВИТЕ И ДА СЕ ПОДОБРИ ШОУТО. ЌЕ ЗАВРШИТЕ СО СИТУАЦИЈА ВО КОЈА ЕДНИТЕ ИМААТ НЕШТО, А ДРУГИТЕ НЕМААТ.

МОМЕНТАЛНО СИТЕ ИМАМЕ ИСТИ ПНЕВМАТИЦИ И СИТЕ МОЖЕ ДА ВРШИМЕ ИСТА РАБОТА. МИСЛАМ ДЕКА ТИМОТ КОЈ ВРШИ НАЈДОБРА РАБОТА СО ПНЕВМАТИЦИТЕ ТРЕБА ДА БИДЕ НАГРАДЕН ЗА ТОА, ТАКА ШТО НЕ СМЕТАМ ДЕКА ТОА Е ПРАВИЛЕН НАЧИН ДА СЕ ПОДОБРИ ШОУТО“.

Последните шест сезони во кои имаше конкуренција на пневматиците, од 2001 до 2006 година, вклучуваше една од најголемите доминации, благодарејќи на Ферари и нивното партнерство со Бриџстон.

„НЕ ТРЕБА ДА ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА ДУРИ И ВО ГОДИНИТЕ НА НАЈГОЛЕМАТА БИТКА ПОМЕЃУ СНАБДУВАЧИ НА ПНЕВМАТИЦИ, ПОНЕКОГАШ ИМАВМЕ ЦЕЛОСНА ДОМИНАЦИЈА ОД ЕДЕН ТИМ ВО СЕЗОНАТА.

ЈАС НЕ СУМ УБЕДЕН ДЕКА ТОА Е РЕШЕНИЕ. СЕГА НАЈВАЖНО Е ПОМЕЃУ ТИМОВИТЕ, ЗАЕДНО СО ФИА И ФОМ, ДА НАЈДЕМЕ РЕШЕНИЕ И ДА ОДРЕДИМЕ ЈАСНА ЦЕЛ ЗА ПНЕВМАТИЦИТЕ ОД НАРЕДНАТА ГОДИНА И ЗА 2021“, ИЗЈАВИ АНДРЕАС СЕИДЛ ОД МЕКЛАРЕН.



Спонзорирани линкови

Маркетинг