Нови тоалети, постелнини и телевизори – се реновира затворот во Битола

Макфакс

11/07/2019

14:19

335

Големина на фонт

а а а

Согласно препораките за подобрување на условите за престој на осудени лица во земјава од страна на ЕУ, се интензивира реконструкцијата на КПУ Затвор – Битола.

Управата за извршување санкции информира дека деновиве тече четвртиот месец од започнување на градежните работи при што веќе е во завршна фаза јужното крило од затворот и делот од административната зграда, додека, пак, за северното крило (притворскиот дел), реконструкцијата сè уште е во тек.


„Реконструкцијата опфаќа градежни работи и комплетно нов распоред на спалните соби при што ќе се намали бројот на осудени лица што престојуваат во една соба, како и комплетно опремување на просториите каде ќе престојуваат осудените лица. Планирано е секоја спална соба да има сопствена бања, телевизори, нови постелнини и сет за одржување на личната хигиена, како и кујна опремена да функционира по ХАСАП-стандардите.


Новиот систем за греење и ладење исто така ќе ги подобри условите за престој во затворот како на осудените и притворените лица така и на вработените, а затворската полиција ќе добие комплетно нов систем за надзор на осудените лица кои престојуваат во установата.


Планирано е реконструкцијата да заврши кон крајот на ноември 2019 година со што осудените лица ќе ја издржуваат казната затвор во похумани услови од досегашните”, се вели во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг