Од таборот на Манчестер Јунајтед се подготвени да испратат понуда во висина од 72 милиони фунти за усугите на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.
Сепак, „Скај Италија“ пренесува дека и оваа висока понуда нема да биде доволна да го убеди Клаудио Лотито да го пушти српскиот интернационалец да замине од клубот.
Наводно, Лотито ќе бара минимум 90 милиони фунти за 24 годишниот фудбалер кој нема баш најдобра сезона зад своето име.
Манчестер Јунајтед нема намера да го плати овој износ, но планира да влезе во детални преговори со италијанскиот клуб.
Милинковиќ-Савиќ пак, како што пишува „Скај Италија“ нема проблем да остане уште една сезона во редовите на Лацио.