Бракот може да го подобри вашето здравје: Еве која позитивна работа им се случува на луѓето кои се венчани

Кармин

11/07/2019

11:54

1.934

Големина на фонт

а а а

Едно истражување утврдило дека луѓето кои се во брак се помалку изложени на стрес. Групата научници објавила дека луѓето полесно се справуваат со стресот кога не се сами.

Резултатите покажале дека луѓето во брак имаат најниско ниво на кортизол, односно хормон на стрес. Тоа може да значи дека венчаните парови всушност се справуваат со помало ниво на стрес во однос на оние кои немаат партнери. Исто така, истражувачите утврдиле дека највисокото ниво на кортизол е измерено кај лица кои биле во брак, но се развеле, како и помеѓу оние кои морале да се сносат со смрт на партнерот. 


Истражувањето го споредувало нивото на кортизол помеѓу учесниците. Резултатите покажале дека луѓето кои се во брак бележат многу побрз пад на хормонот на стрес во однос на другите групи на луѓе.

Со оглед на тоа што стресот се поврзува со ризикот од појава на рак или срцеви проблеми, луѓето во брак исто така имаат помал ризик да заболат од овие болести.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk