Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт и во поединечна конкуренција на фјучерсот во Гецо (Шпанија) што се игра на земјена подлога за вредност од 25.000 американски долари.
Македонскиот рекет и одржа лекција на домашната тенисерка, квалификантката Лусија Кортез Лорка победувајќи ја со 6-1 и 6-1 на теренот број четири. Ова на Лина која е шеста носителка на фјучерсот и донесе пресметка со Деспина Папамихаил, тенисерка со која во минатото играше заедно во двојки и освојуваше титули.
Што се однесува до дубл натпреварувањето таму Лина и Анастасија Комардина ќе се обидат да дојдат до полуфиналето и тоа преку Мерцедес Аристеги и Лусија Кортез Лорка (Шпанија).