Стела Макартни: “Не е дека сум тука за да имам лесен живот”

Кармин

11/07/2019

10:09

1.975

Големина на фонт

а а а

Познатата дизајнерка и ќерка на легендарниот музичар Пол Макартни, ја претстави новата модна колекција “Сите заедно сега”. Колекцијата е инспирирана од филмот “Yellow Submarine” од 1968 година, базиран на музиката на “Beatles”, чиј член беше и нејзиниот татко.

Минатата година, легендарниот филм ја прослави својата 50-годишнина, а на проекцијата присуствувала и Стела со семејството и пријателите и со тоа добила инспирација за својата колекција. 

“Тоа влијаеше на мене на начин на кој едноставно не го очекував. Особено оваа идеја на поврзување и здружување на луѓе во политичка смисла. Мислам дека оваа порака никогаш не била порелевантна. Кога излегов оттаму, сфатив дека морав нешто да направам... Не е дека сум тука за да имам лесен живот”, изјавила Макартни за “The Guardian”.

Со тоа настанала колекцијата “Сите заедно сеа”, а во нејзината колекција нема облека од кожа или крзно.

Нејзината нова линија вклучува трикотажа со натпис “All You Need Is Love” на различни јазици и јакни инспирирани од костимите од филмот. Тука е и долгиот, психоделичен фустан “Lucy In The Sky With Diamonds”, а колекцијата е богата и со низа жолти мотиви, како жолтата подморница.

Покрај женската и машката облека, колекцијата опфаќа и детска облека.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk