Во овие хороскопски знаци се раѓаат најразмазените мажи

Точка

10/07/2019

21:40

2.810

Големина на фонт

а а а

Иако на прв поглед можеби не изгледа така, мажите родени во овие хороскопски знаци се вистински “мамини мази“.

Тие често се многу внимателни, но многу тешко ќе дојдете на прво место во нивното срце - таа позиција сепак им припаѓа на нивната мајка.

Мажите родени во овие три хороскопски знаци се навистина многу размазени.


Стрелец

Мажите родени во знакот на Стрелец изгледаат прилично неоптеретени и делуваат како да не се плашат од ништо. Сепак, тие се оние кои веруваат дека било кој проблем кој ќе им се случи - нивната мајка ќе го реши наместо нив. Немојте да се чудите ако од маж роден во знакот на Стрелец чуете дека мајка му сè уште му ги пере алиштата или доаѓа да го зачисти станот.

Рак

Претпоставуваме дека ова нималку не ви е чудно. Имено, мажите Ракови се неверојатни емотивци кои сè сфаќаат лично и кои од жените често се нарекувани плачковци. Тие нема да се срамат да заплачат пред вас, а ако не им укажете сочувство или поддршка, ќе побрзаат кај мајка си за прегратка.


Лав

Иако Лавовите важат за вистински фраери за кои никој не може ни да замисли дека се размазени, кога малку подобро ќе ги запознаете, ќе сфатите дека токму тие се мамини синчиња. Тие советите од мајките ги сфаќаат многу сериозно. Исто така, исклучително се заштитнички настроени кон своите мајки, затоа немојте да се обидувате да ги предизвикувате по тоа прашање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг