Тотален хаос во Италија, паѓа град со големина на портокал, 18 лица повредени: Следен е Балканот

Точка

10/07/2019

19:37

12.755

Големина на фонт

а а а

Најмалку 18 лица се повредени, меѓу кои и една бремена жена, во невремето проследено со град со големина на портокал, кое денес го зафатило италијанскиот град Пескара.

Повредените биле одведени во градската болница, а бремената жена се здобила со повреди на лицето и главата. 

Во невремето паднале и 200-годишни борови во близина на Равена, а поплавени биле и делови од Ромања и Абруцо.

По олујата во Пескара, улиците и градот биле претворени во реки на неколку локации. Во центарот имало дури 10 центиметри вода.

На брдата над градот попукал патот, а градоначалникот Карло Маски пратил итна служба на местото на настанот.

Според прогнозите на "AccuWeather", ново невреме се подготвува и во јужна и југоисточна европа. Силни дождови и бура се очекуваат вечерта меѓу среда и четврток.

Олујното невреме кое претходните два дена беснеело во Шпанија и Италија предизвикувајќи незапаметени поплави, денес се сели во соседните земји.

Олујата од централна Италија ќе се приближи до јужниот дел на Балканот.

"Посебно сум загрижен поради обилните дождови, со оглед на тоа дека можат да предизвикаат нови поплави и свлечишта во Италија", изјавил метеорологот Тајлер Роуз.

Олујите во централниот дел на Италија, исто така, можат да доведат до силни ветрови и град, што може да направи проблеми на патиштата.

Невреме проследено со грмење се предвидува и за јужниот дел на Србија, кое подоцна ќе се прошири и во Македонија, Грција и Бугарија.

На Балканскиот полуостров му се заканува ризик од поплави и силни ветрови.

##https://twitter.com/GloriaZona/status/1148950687788781568##



Спонзорирани линкови

Маркетинг