Постои "реален ризик" за распад на Обединетото кралство, при што сите четири нации би тргнале по свој пат во случај на Брегзит без договор, пишува "Financial Times".
Притоа, тоа не е нивна проценка туку станува збор за документ кој е претставен во британската влада. Дејвид Лидингтон, неофицијален заменик на премиерката во оставка Тереза Меј, ги известил за тоа истражување членовите на кабинетот во самиот финиш на борбата меѓу Борис Џонсон и Џереми Хант за местото лидер на Конзервативната партија и британски премиер.
FT не објавил кога владата била известена за овие заклучоци, но индикативно е дека FT добил увид во документот токму на денот на дебатата меѓу Џонсон и Хант. Првиот е заговорник за излегување од ЕУ без договор, додека вториот смета дека тоа би било само ултимативен потег.
Ситуацијата во Шкотска не е новост: Никол Старџон, првата министерка, неколку пати јасно рекла дека Шкотската национална партија чека процесот за Брегзит да заврши, а дека веднаш потоа ќе започне кампања за нов референдум за независност. Новиот редеферендум би требало да се одржи и пред следните избори.
No-deal Brexit poses ‘real risk’ of break-up of United Kingdom, cabinet told https://t.co/HXRBSqrUnU
— FT UK Politics (@ftukpolitics) July 9, 2019
Поддршка во јавноста за таквиот чекор има околу 65 проценти. Лабуристите во неколку наврати рекле дека, а бидат на власт, ќе оневозможат референдум. Меѓутоа, СНП веќе бара правни чекори со кои ќе може да се спротивстави на тоа.
Новост е ситуацијата со Велс, кој досега бил сметан за цврст центар на заедништво. Но, ситуацијата предизвикала Форд и некои други компании да ги затворат фабриките. И фактот дека земјоделците ќе останат без субвенции од ЕУ не му оди во прилог на Велс.
Посебно е чувствителна Северна Ирска. Причините кои се изнесени пред британската влада покажуваат дека ситуацијата е сериозна: Ни Белфаст, ни Даблин, не сакаат граница.