Танцот ја враќа страста во врската

Кармин

10/07/2019

18:14

1.454

Големина на фонт

а а а

Ако нешто ви тргне наопаку во емотивниот однос, однесете го партнерот на танц!

Ескпертите советуваат дека танцот е рецепт за оживување на страста во врската, кога таа сепак постои.

Истражување на научници од Бостон покажало дека танцот развива блискост и буди желба меѓу парнтерите, што е основа за добар однос.


Истражувачите откриле дека танцот спасил многу бракови, безброј врски извлекол од криза и пробудил емоции. Д-р Мајкл Џуди, водичот на истражувањето, вели дека танцот зближува, опушта, ја отстанува нетрпеливоста.

„Ако сте почетник, совладувањето на чекорите со партнерот веднаш ќе ве зближи“, вели тој, и додава: „Кога ќе ви се спојат дланките, кога ќе го почувствувате допирот на саканата личност околу струкот или рамената, близината на телата, очите кои одеднаш ви се поинакви, едвај ќе чекате да останете сами. И уште другиот ден ќе посакате да одите на втор час.“


Студијата покажала дека танцот ги враќа “пеперутките“ во односот, па така 65 отсто од испитаниците повторно се заљубиле во својот сопружник, а дури 70 отсто одлучиле да продолжат да одат на часови по танц, бидејќи се чувствуваат многу подобро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk