Рускиот модел Кинси Волански е уапсена поради обид за упад на терен за време на финалниот натпревар од Копа Америка меѓу Бразил и Перу.
Волански стекнала огромна популарност откако во костим за капење истрчала на теренот и го прекинала финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем.
Атрактивната Русинка се обидела повторно да влезе на терен за време на финалето на Копа Америка, кога играле репрезентациите на Бразил и Перу, но била спречена во тоа и потоа уапсена заедно со своето момче, познатиот ЈуТјубер Витали Здоровецки.
"Не успеавме на Копа Америка", напишала Волански под сликата која ја објавила на Инстаграм и потврдила дека таа и нејзиното момче завршиле во затвор.
Потсетуваме, убавата Русинка упаднала на терен за време на финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем во Мадрид.
На себе имала провокативен костим за капење, на кој имало реклама за руска порнографска веб-страна, чиј сопственик е нејзиното момче.