Дибала: Покажав дека можам да играм со Меси

Дерби

10/07/2019

19:50

1.539

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала смета дека докажал дека може да игра заедно со Лионел Меси во нациолниот состав на Аргентина.

Напаѓачот беше многу ретко употребуван на СП кое се одржа минатото лето, ама годинава го постигна одлучувачкиот гол за Аргентина во борбата за третото место на Копа Америка.

-Мислам дека покажав дека можам да играм заедно со Меси. Тоа е прашање на подобро запознавање, пронаоѓање на хемија, да се гледа каде и како ние се движиме, -рече Дибала кој е задоволен од тоа како функционираат заедно со Агуеро и Меси.

-Тоа беше добар систем на игра. Се случи со Лео против Чиле и исто со Агуеро. Пред натпреварот зборуваме за овие движења, еден да остане понапред, а другиот да биде подлобо и ја прими топката. Завршивме добра работа, јас сим среќен, -порача Пауло за весникот „Оле“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг