Пристигнува ново ремек-дело од Јапонија: Lexus го потврди производството на LC кабриолетот

Супермен

10/07/2019

16:21

1.757

Големина на фонт

а а а

Од јапонскиот премиум бренд потврдија дека семејството LC наскоро ќе стане побогато за кабриолет верзија.

Откако дебитираше во Детроит, прекрасниот LC Convertible Concept го привлече вниманието и на „Гудвуд“ фестивалот на брзината. Конкурентот на BMW Series 8 Convertible е првата кабриолет верзија на GT моделот од прекинувањето на производството на моделот SC430 во 2010-та година.


Како и претходникот, LC Convertible ќе има тврд подвижен покрив, а механизмот за склопување ќе биде сместен зад кабината која исто како и Coupe верзијата ќе има конфигурација од 2+2 седишта.

За разлика од Coupe, покривот нема да има линија која се спушта кон вратата на багажникот, туку ќе има остар пад кон продолжениот заден дел


Автомобилот ќе биде долг 4,770 милиметри, широк 1,920 и висок 1,340 милиметри, со меѓуосовинско растојание од 2,870 илиметри. Под хаубата ќе биде сместен twin-turbo V8 агрегат кој ќе развива 600 коњски сили, а повеќе детали околу овој модел ќе бидат познати наскоро.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk