Синот на Марадона му испрати порака на Хамес: Немој да си го допрел…

Дерби

10/07/2019

14:47

2.180

Големина на фонт

а а а

Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез како што сега стојат работите нема да остане во Реал Мадрид и ќе ја промени средината со тоа што како главен фаворит за неговиот потпис се издвојува Наполи.

Калчолигашот и тренерот Карло Анчелоти го посакуваат Колумбиецот и веруваат дека е играч кој може да им донесе дополнителен квалитет и ќе им помогне во остарување на целите. Синот на Диего Армандо Марадона кој е голем навивач на наполитанците верува дека ова сценарио ќе се реализиира и Родригез ќе слета на „Сан Паоло“, па испрати една порака.

- Јас секогаш му коментирам на неговите фотографии и му кажувам да оди во Наполи. Му правам притисок и тој неодамна стави „лајк“ на еден од моите коментари. Ќе биде остварување на сонот ако Хамес потпише за Наполи. Играч со тој квалитет, левак, може тимот да го однесе на друго ниво. Градот ќе го дочека со отворени раце и сигурен сум дека ќе го даде најдоброто, - истакна Диего Марадона Жуниор кој го предупреди офанзивецот за една работа-во ниту еден случај да не го земе дресот со бројот десет кој со голем успех го носеше неговиот татко.

- Немој да си го допрел дресот со број „10“, тоа е приватна сопственост на семејството, тој е на мојот татко. Имаше шпекулации дека истиот ќе го добие Игуаин кога тој пристигна во тимот, потоа и за Инсиње, ама мора да биде како во НБА. Ако повлечете одредена бројка на дрес, не можете повторно да ја користите, - истакна младиот Марадона за „Марка“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг