Кој ги 'ферма' двојните стандарди: Насловната страница со Ријана предизвикала бес кај фановите на семејството Кардашијан

Кармин

10/07/2019

14:45

3.193

Големина на фонт

а а а

Ријана на својот Инстаграм профил премиерно покажала како ќе изгледаат некои фотографии за јунското издание на кинескиот „Harper's Bazaar“, а чија насловна страница ќе ја краси токму таа.

На некои фотографии Ријана е облечена во традиционални кинески носии. Нејзините пријатели и многу познати личности се воодушевени од ова издание, кое, како што напишал кинескиот „Harper's Bazaar“ на Инстаграм, тие тоа претставуваат совршен спој на западната и источната култура.

View this post on Instagram

@harpersbazaarcn by @chenman

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Меѓутоа, не биле сите воодушевени од овој едиторијал.

Обожавателите на Ким Кардашијан Вест и нејзините сестри кренале паника поради очигледните двојни стандарди.

„Зошто на Ким не ѝ е дозволено да го нарече својот бренд 'Кимоно', поради култорошко присвојување, а Ријана може да изведува сешто? Едноставно не е во ред“, напишала една Твитер корисничка, а некои се присетиле и на сличен случај со Кендал Џенер.

##https://twitter.com/georgieecw/status/1148673311343296520##

„Чекајте малку, кога Кендал Џенер беше на насловна страница со афро фризура, луѓето ја нападнаа поради култорошкото присвојување, а Ријана вака се облекува и никој не вели ништо. Уметност, кламур, кој ги 'ферма' двојните стандарди.“

Инаку, Ким не е првпат именувана поради навредување на нечија култура. Повеќепати е осудена поради носење на т.н. афро плетенки, чин со кој очигледно остро ја навредила црнечката култура иако и многу други славни личности носат такви плетенки и поминуваат „неказнето“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk