Путин за ова молчеше 9 години: Обама не го исполни тоа што го договоривме за Украина

Точка

10/07/2019

17:09

7.098

Големина на фонт

а а а

САД не исполнија дел од договорот постигнат во 2014-та година во телефонскиот разговор помеѓу Владимир Путин и тогашниот американски претседател Барак Обама, открива првиот човек на Русија во интервјуто за американскиот режисер Оливер Стоун.

Оливер Стоун го потсети Путин дека за време на драматичните случувања на „Мајдан“ во Киев во 2014-та година, тој разговарал телефонски со својот американски колега Барак Обама, но претседателот на Русија не сакаше да открие детали од тој телефонски разговор.

„Обама повеќе не е претседател, но сепак постојат одредени работи за кои не зборуваме“, изјави Владимир Путин.

„Во секој случај, можам да кажам дека нашите договори, кои беа постигнати за време на телефонскиот разговор не беа исполнети од американската страна. Би застанал на тоа, не би навлегувал во повеќе детали“, додаде Путин.


Инаку, во февруари 2014-та година, избија големите протести на украинскиот народ против тогашниот про-руски претседател на Украина, Виктор Јанукович кој одлучи да ја оддалечи земјата од евро-атлантските процеси.

Украинскиот народ започна со масовни протести откако Јанукович донесе контроверзна одлука да прифати кредит од Русија, по што избија нереди ширум Украина, кои беа најжестоки во Киев каде што поради употребата на боева муниција од страна на силите на про-рускиот претседател, голем број на цивили го загубија животот.

Што се однесува до односите помеѓу Русија и САД, кои практично започнаа да се распаѓаат од конфликтот во Украина, а кулминираа со обвинувањата на Вашингтон за руска вмешаност во претседателските избори во САД во 2016-та година, Путин повторно нагласи дека Русија немала никакво влијание на изборите.


„Јас не се мешав ниту тогаш, не сакам да се мешам ниту сега, ниту пак имам намера да се мешам во иднина. И без оглед на тоа какви се нашите блогери и кој и да работи таму на интернет, без оглед на тоа како го истражувале своето мислење за ситуацијата во САД, тоа не можело да ја игра клучната одлучувачка улога на изборите. Тоа е глупост“, изјави Владимир Путин.

„САД се огромна земја, огромен народ, со сопствени проблеми и идеи за тоа што е добро, а што лошо. Со сфаќање дека за претходните неколку години, 10 години на пример, со огромното зголемување на богатството на владеачката класа и богатите луѓе – за средната класа ништо не се смени на подобро. И токму тие околности ги разбраа луѓето кои ја водеа изборната кампања на господинот Трамп. Тој самиот го сфати тоа и работеше на својата платформа“, изјави претседателот на Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг