Интер не се откажува: Претставници на клубот ќе пристигнат на Островот на преговори за Лукаку

Дерби

10/07/2019

12:27

798

Големина на фонт

а а а

Челниците на Интер се очекува да пристигнат во Англија во следните денови за да се обидат да ги убедат првите луѓе на Манчестер Јунајтед да го пуштат Ромелу Лукаку да си замине од клубот.

„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Интер се брзаат за комплетирање на трансферот, свесни за се поголемиот интерес за Лукаку од страна на Јувентус.

Токму затоа е закажана нова средба на која се очекува да се доближат ставовите околу начинот на плаќање на играчот. Јасно е дека Манчестер Јунајтед сака само пари за белгискиот напаѓач, и нема да се согласи за негова продажба под 75 милиони фунти, колку што платија пред две години за да го донесат од Евертон на „Олд Трафорд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг