Аталанта натпреварите од Лигата на шампионите ќе ги игра на „Џузепе Меаца“?

Точка

10/07/2019

10:04

932

Големина на фонт

а а а

Како што е познато, Аталанта е меѓу четирите претставници на италијанска Серија А во Лигата на шампионите идната сезона.

Покрај Јувентус, Наполи и Интер, клубот од Бергамо исто така ќе се натпреварува во најелитното европско клубско натпреварување, а со оглед на тоа што нивниот стадион не ги исполнува условите за организација на таков натпревар, црно-сините ќе мора да побараат ново решение.

Бергамо е најблиску до Милано, па така можно е Аталанта исто како и домаќинот Интер, да го користи „Џузепе Меаца“, посебно кога стадионот нема да биде користен од Милан ниту во Лига Европа.

Во врска со ова се огласи и градоначалникот на Милано, Џузепе Сала: „Јас сум за тоа, а ќе треба да одлучат и двата милански клуба, иако ми се чини дека тоа не им пречи. Според мене, тоа е одлична работа за забава, затоа што Аталанта е добар тим и тие мора да имаат поддршка. Ако игра Аталанта тука, ветувам дека ќе одам на натпреварите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг