Кои се комичарите на кои “наседна“ Зоран Заев?

Точка

09/07/2019

22:43

6.604

Големина на фонт

а а а

Ова се двајцата руски комичари - Владимир Кузнецов и Алексеј Столаров, на чии измами наседна премиерот Зоран Заев.

Двајцата станале познати по објавувањето на аудио-снимки на нивниот Јутјуб канал, на кои освен разговорот со премиерот Заев, можат да се слушнат и разговори со други светски јавни и политички имиња, како што се Претседателот на Франција, Емануел Макрон, секретарот на НАТО, Јенс Столтенберг, државниот секретар на Британија, Борис Џонсон, првиот човек на Турција, Реџеп Таип Ердоган, украинскиот Претседател, Петро Порошенко, како и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.


Освен горенаведените имиња, на листата на двајцата комичари фигурираат и Мило Ѓукановиќ, Витали Кличко, и амбасадорката на САД, Ники Хејли.

Двајцата сатиричари, во разговорите со овие лица, се претставувале со имиња на високи политички и државни функционери и претседатели на меѓународни организации.


Странските медиуми за двајцата комичари пишуваат и многу несекојдневен факт.

Според нив, психолозите констатирале дека кај Кузнецов и Столаров има недостаток на љубов и не се сфатени сериозно од околината. Психолозите уверуваат дека овие лица преку вакви измами се трудат да го потиснат нивниот комплекс на инфериорност и несигурност. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг