Серена Вилијамс е ѕвездата на новиот број на магазинот „Harper's Bazaar“. Тенисерката за насловната страница била во потполно природно издание и нагласено е дека фотографиите не се фотошопирани.
А освен своето природно тело со сите маани и неправилности, Серена на насловната страница ја покажала и голата задница.
„Ме нарекуваа со разни имиња. Платена сум помалку поради полот. Казнувана сум на терен поради модни избори и желбата гласно да го кажам своето мислење. Накратко, никогаш не ми беше лесно. Се надевам дека со ова ќе ѝ помогнам на следната девојка која ќе се најде на мое место“, напишала Серена меѓу останатото во личниот есеј кој е објавен во магазинот и така ја објаснила својата одлука повторно да го покаже природното тело.
На втората верзија на насловната страница, тенисерката открива многу помалку гола кожа, носи фустан со светки, а оваа фотографија, исто како сите едиторијали во списанието, не е обработена во фотошоп.