Светска премиера - MINI на струја!

Супермен

09/07/2019

20:24

2.538

Големина на фонт

а а а

BMW групацијата го претставила својот голем адут на пазарот за електрични градски автомобили - електричен MINI.

MINI Cooper SE е базиран на стандарден модел со три врати, го придвижува електромотор со сила од 184 коњски сили и 270 Nm s, со кој забрзува 0-60 km/h за 3,9 секунди, а за 7,3 секунди достигнува до 100 km/h. 

Батериското пакување од 32,6 KWh овозможува автономија од 235-270 километри меѓу две полнења, а преку DC брзиот полнач таа се полни до 80 проценти капацитет за 35 минути.

"Cooper SE" го задржал капацитетот на багажникот како стандардниот модел од 211 литри.

Што се однесува до опремата, стандардниот пакет го сочинуваат LED фарови, двозонска автоматска клима, 6,5 инчен мултимедијален систем за навигација и помошно греење.

Со доплата се добива поголем, 8,8-инчен дисплеј, кожни седишта, посебно дизајнирани бандажи и посебен изглед на кабината.

BMW електричниот MINI ќе го произведува во својата фабрика во Англија, а првите возила до купците ќе дојдат од пролет идната година, соопштил денес германскиот произведувач на автомобили.

"MINI Electric ќе ја започне офанзивата на нашите нови модели на целосно електрични возила", рекол Оливер Ципсе, шеф на производството, кој, според неиуменувани извори, ќе стане нов извршен директор на BMW. "До 2023-та година, две години пред рокот, ќе имаме 25 електрични модели на пазарот", додал тој.

BMW минатата година произвел повеќе од 230.000 автомобили во својата фабрика во Оксфорд, што е околу 15 проценти од вкупното британско производство на автомобили. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk