Катастрофални поплави во Шпанија: Водата носи автомобили како од шега, улиците се претворени во реки! Од автомобил извлечено тело на маж

Точка

09/07/2019

19:24

2.235

Големина на фонт

а а а

Дождовите проследени со град, довеле до затворaње на патишта и снемување на струја во повеќе делови Шпанија, а во градот Тафаља, на северот на земјата, се излеале две локални реки.

Улиците станале реки, а на многу снимки може да се видат автомобили кои се наредени едни врз други или заглавени во кал. 

Властите на северот на Шпанија соопштиле денес дека пожарникарите пронашле тело на возач чиј автомобил го однела водата предизавикана од силните дождови.

Пристапот во тој град во кој живеат 10.000 жители не е расчистен до раните утрински часови, а прекинат е сообраќајот и на главната железничка пруга.

Во соседна Памплона борбата со бикови на фестивалот Сан Фермин би можела да биде откажана поради дождовите.

Националната метеоролошка агенција "AEMET" предупредува дека денес се очекуваат нови врнежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг