Можат ли ботокс инјекциите да ја заменат шминката?

Кармин

09/07/2019

17:13

2.003

Големина на фонт

а а а

Многу модерни трендови за убавина нѝ доаѓаат од Јужна Кореја - а не станува збор само за маски од ткаенини, ББ креми или алое вера гелови...

Благодарение на козметолозите ширум светот, постапката се вика „skin botox“ - ботокс на кожата кој сега станува многу популарен, но не е измислен за да се бори против брчките.


Разликата во однос на класичните ботокс инјекции е во тоа што skin botox инекцијата не се вбризгува во мускулите на лицето, туку во горните слоеви на епидермисот. Ако традиционално ботоксот се користи за отстранување на брчките, овој третман се користи за подобрување на изгледот на кожата.

Едноставно кажано, „skin botox“ допринесува за стеснување на порите, го изедначува тонусот на кожата и ги намалува активностите на лојните жлезди. Површинските брчки исто така исчезнуваат, но главната цел е да постигне стаклен изглед на кожата.


Значи, „Glass Skin“ е меѓу најпопуларните трендови.

И за крај, овој третман не ве ограничува во користење на хидратантните средства, пудри и хајлајтери, но ќе ви помогне да заштедите време на шминкање.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk