Дали Надал е „повреден“ од светската тенисерка број 1 Барти?

Макфакс

09/07/2019

17:04

1.208

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал ги „разбранува духовите“ откако изјави дека тој, сепак, е „малку повеќе“ од светската тенисерка број 1, Ешли Барти, бидејќи Шпанецот во понеделникот доби шанса да игра на „Централниот терен“ на Вимблдон, а Австралијката беше „осудена“ на игра на „Теренот број 2“.

Надал, кој е трет носител и светски рекет број 2, експресно го совлада Португалецот Жоао Соуса за пласман во четврт-финалето, додека Барти загуби од Американката Елисон Риски. По мечот, Надал беше запрашан дали е исправно тој да добие шанса да игра на главниот терен.

„Јас сум светски број 2 и имам 18 гренд слема. Мојот одговор не е ниту да, ниту не. Мојот одговор е дека тие ја прават одлуката. Вие со ова прашање ја поставувате Ешли Барти пред мене. За мене, и двете одлуки се добри. Во денешниот свет на тенисот, искрено мислам дека сум малку повеќе од Ешли Барти. Иако таа е број 1 и го освои Ролан Гарос. Не сакам да влегувам во полемика бидејќи јас не ги правам тие одлуки“, изјави Надал.

На 23-годината Барти не и пречеше што не игра на „Централниот терен“.

„Се работи за прекрасен терен. Уживав таму“, изјави Барти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг