Ова е лет од пеколот! Викање, скокање, повраќање: Поради пијаните Британци полетувањето на авионот за Задар доцнело 2 часа, но хоророт продолжил и во воздухот

Точка

09/07/2019

16:12

5.883

Големина на фонт

а а а

Пијани мажи кои со авион на компанијата "RyanAir" на 29-ти јуни патувале од Манчестер за Задар, предизвикале доцнење на летот бидејќи викале, ги игнорирале упатствата на персоналот и повраќале меѓу седиштата.

Патниците на летот кој инаку трае околу три и пол часа почнале да прават проблеми и пред полетувањето, па предизвикале негово доцнење. Како што пишува "Manchester Evening News", летот од терминалот број 3 требало да одлета во 17:40 часот, меѓутоа на крајот полетал во 19:23 часот. Во Задар слетал во 23 часот. 

Меѓу 70-те патници на споменатиот лет се нашле и Анета Жуков и нејзиното момче Пјотр Несан, кои рекле дека повеќето патници патувале на фестивалот Хард Ајленд кој од 7-ми до 11-ти јули се одржува на плажата Зрче на островот Паг.

Непристојното однесување на пијаните патници било снимено, а како што пишува "Daily mail" на снимките може да се види како патниците викаат пијани. "Атмосферата во авионот беше слична како во ноќен клуб, само што немаше гласна музика", рекла Жуков и додала дека тројца патници по слетувањето во Задар биле уапсени од полицијата.

"Како да бев во џунгла со диви животни. Тоа беше пекол. Најлош лет во мојот живот. Сосема одвратно. Викаа и скандираа, а персоналот не можеше да ги смири. Беа тотално надвор од контрола. Сосема неприфатливо однесување. Сите беа пијани. Персоналот им се закануваше со исфрлање од авионот. Очигледно беа пијани и пред да влезат во авионот. Никој во текот на летот не можеше да купи алкохол бидејќи тие беа премногу пијани. Грозно искуство", додала таа.

Жуков некои од патниците ги видела и пред да се качат на летот. "Се возеа на своите куфери и пиеја во аеродромските кафулиња", додала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг