Би застанал пред митралез за да го спасам Путин: Поранешниот генерален директор на Ф1 би го дал животот за рускиот претседател, а еве и зошто

Точка

09/07/2019

14:01

2.222

Големина на фонт

а а а

Берни Еклстоун, некогаш прв човек на Формула 1, изјавил дека би застанал пред вооружен напаѓач доколку е тоа потребно, за да го спаси рускиот претседател Владимир Путин.

Еклстоун додал дека не верува дека Путин стои зад труењето на Скрипалови, бидејќи тој "добар човек". 

"Ако некој во рацете држи митралез и сака да го застрела Путин, јас ќе застанам пред него. Зошто? Затоа што е добар човек. Никогаш не направил ништо што не е добро за други луѓе", рекол Еклстоун за "Times".

Поранешниот генерален директор на Формула 1 не сопрел тука и додал дека смета дека Путин треба да ја води Европа, и дека го анектирал Крим само за да ја обедини Русија.

"Сакам да го видам Путин како ја води Европа. Ние всушност немаме некој што ја работи таа работа, и тешко дека може да биде полошо од што е. Отсекогаш го правел тоа што го ветувал", рекол Берни.

Тој рекол дека не верува дека Русија, односно Путин, стои зад труењето на Скрипалови.

"Тој не го направил тоа. Тој е премногу зафатен за да се занимава со такви работи. Луѓето измислуваат приказни, знаете", рекол Еклстоун.



Спонзорирани линкови

Маркетинг