Мадуро се надева на позитивни разговори со венецуелската опозиција на Барбадос

Макфакс

09/07/2019

13:33

729

Големина на фонт

а а а

Новата фаза од преговорите меѓу властите на Венецуела и опозицијата на Барбадос може да резултира со некои нови договори, изјави вчера претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пренесува ТАСС.

„Добив извештај од шефот на нашата делегација во врска со процесот на преговори што започна на Барбадос. Овој извештај ме тера да се надевам”, изјави Мадуро .

„Имаме шест главни точки на агендата. Убеден сум дека ако продолжиме да работиме во согласност со оваа агенда и ако нема мешање од САД, ќе можеме да постигнеме некои договори за доброто на Венецуела”, изјави тој, додавајќи дека средбата во понеделникот траела пет часа.

Во мај властите во Венецуела и опозицијата одржаа најмалку два круга индиректни разговори во Осло. Во неделата претставниците на лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, рекоа дека ќе учествуваат во новите разговори со делегацијата на властите на Венецуела на Барбадос со посредство на Норвешка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг