Прв поглед на редизајнираната Honda CR-V

Супермен

09/07/2019

12:36

1.478

Големина на фонт

а а а

Претставена во 2017 година, првата генерација на јапонскиот SUV веднаш го “покори” светот.

По две години на ред дојде освежување, а за првпат редизајнирата верзија е снимена на планинските патишта на американските Апалачи. 

Она што може да се забележи на камуфлираниот автомобил е дека CR-V доживеал само благи измени на екстериерот, на предниот и задниот дел. Во тоа спаѓаат освежената предна маска и трапезоидните двојни издувни цевки, а веројатно е променет и браникот со цел овие новитети да се вклопат во каросеријата.


Што се однесува до внатрешноста, таа не е прикажана, но не се очекуваат некои сензационални измени (ако воопшто ги има).

Не се очекуваат ниту промени под хаубата, што значи дека купувачите и понатаму ќе избираат помеѓу двете верзии, 1,5-литарски турбо-бензинец со 173 коњски сили и 220 Nm (6-брзински мануелен менувач) и 193 коњски сили и 243 Nm (CVT автоматик) и 2,4-литарски атмосферец со 184 коњски сили и 240 Nm и хибрид кој го покренува комбинација од 2,0-литарски i-VTEC бензинец и два електромотори.

Редизајнираниот CR-V ќе биде претставен кон почетокот на 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk