Нож во грб: Американците го вооружуваат Тајланд, Кинезите бесни

Точка

09/07/2019

12:19

654

Големина на фонт

а а а

Американскиот Стејт Департмент одобри продажба на оружје на Тајван во вредност од 2,2 милијарди долари, потврдија од американското Министерство за одбрана.

Соопштението за продажбата на оружјето, кое вклучува 108 тенкови “M1A2 Abrams” и 250 рачни ракетни фрлачи “Stinger” било проследено и до Конгресот. Сега, американскиот Конгрес има 30 дена доколку пристигне жалба, нешто што речиси сигурно нема да се случи.

Ова дефинитивно дополнително ќе ги влоши односите помеѓу Вашингтон и Пекинг, посебно поради тоа што Кина го смета Тајван за дел од својата територија, а САД и Кина веќе со месеци се во трговска војна.

Тајванските власти на почетокот на јуни ја потврдија намерата да го нарачаат американското оружје, а официјален Пекинг реагираше и ја нагласи својата „сериозна загриженост“ околу таквите намери.

Американците порачаа дека новото оружје ќе ја модернизира опремата на тајванската армија и нема да влијае на рамнотежата на силите во регионот.

Целата ситуација околу Тајван е крајно комплицирана поради принципот на „единствена Кина“ и територијалниот суверенитет на таа земја затоа што Тајван е дел од кинеската територија. Со тој остров владее ривалски режим чии што припадници се преселија таму во 1949-та година после поразот од комунистите во граѓанската војна.

Од друга страна, Вашингтон во 1979-та година ги прекина дипломатските односи со Тајван и ги призна властите од Пекинг како „владетели“ на овој остров, но сепак Американците и натаму останаа голем сојузник на Тајланд и главен снабдувач со оружје на островот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг