Звукот на осумдесеттите во современо пакување: Пристигнува првиот Bluetooth вокмен

Супермен

09/07/2019

12:05

1.747

Големина на фонт

а а а

Денес, сите очекуваат висок квалитет од музиката која ја слушаат, можноста брзо да ги прескокнуваат песните и сите формати на еден уред. Иако се чини дека аудиото касетите и рачното премотување е зад нас, тој формат сепак се враќа и тоа во модерно пакување.

Компанијата NINM Lab го претстави првиот пренослив Bluetooth касетофон, кој претставува унапредена верзија на Sony Walkman. Тој ќе ги оживее музичките колекции составени од аудио касети кои заборавени лежат некаде во длабочината на ормарите и подрумите. 


Вокменот е наречен IT’S OK и доаѓа со вграден Bluetooth, така што аудио касетите можат да се слушаат преку безжични слушалки, а оние кои се длабоко врзани за минатото можат да користат и обични слушалки.

Преносливиот касетофон доаѓа во три бои: бела, розова и сина. Куќиштето за касети е проѕирно, така што гордите сопственици на IT’S OK можат во секој момент да покажат што слушаат и да се пофалат колку добро ги сочувале своите стари касети.


Новиот плеер ги оживува романтичните односи кон музиката од времето кога до музиката и популарните песни се доаѓаше многу тешко. Ретро уредот ќе може да се набави за 63 долари, а кампањата на Kickstarter веќе трае.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk