Бил Клинтон се оградува од својот другар педофил: Се дружевме, но не сум виновен

Точка

09/07/2019

14:15

2.976

Големина на фонт

а а а

Портпаролката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, соопшти дека тој „ништо не знаел“ за злосторствата на милијардерот Џефри Епстајн.

66-годишниот педофил Џефри Епстајн имал бројни пријатели од американската политичка елита, меѓу кои бил и Бил Клинтон, но и актуелниот претседател Доналд Трамп. Епстајн беше уапсен во неделата по обвинение за трговија и сексуално злоставување на деца.

Поради своите злосторства, Епстајн би можел да заработи затворска казна од 45 години, но Американците се сомневаат дека ќе се случи тоа поради неговите врски. Аналитичарите сметаат дека американската политичка елита нема да го заштити поради „пријателство“, туку најверојатно поради тоа што Епстајн има компромитирачки материјали и за своите другари кои се на високи позиции и би можел да ги употреби.

Бил Клинтон четири пати летал со авионот на Епстајн во периодот од 2002-ра до 2003-та година, еднаш за Европа, еднаш за Азија и два пати за Африка. Клинтон и Епстајн се дружеле, а потоа наеднаш ја прекинале комуникацијата и не биле во контакт една деценија. Сепал, американската јавност остана изненадена од тоа што Клинтон одби да сведочи за Епстајн и да открие повеќе детали, и се прашува зошто е тоа така ако Епстајн е невин.

Во таканаречената црна книга на Епстајн биле пронајдени имињата на актерот Алек Болдвин, потоа пеачот Џими Бафет, поранешниот британски премиер Тони Блер, поранешниот израелски премиер Јехуд Барак,Бил Клинтон, Доналд Трамп и уште многу други истакнати личности.

Инаку, од американското обвинителство соопштија дека од компјутерот на Епстајн извлекле илјадници експлицитни фотографии од девојчиња кои сексуално ги злоставувал, а во меѓувреме, Епстајн порача дека е невин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг