Најубавите плажи на Јужна Африка

Точка

08/07/2019

20:21

4.132

Големина на фонт

а а а

Доколку не сте сигурни која дестинација да ја изберете за својот годишен одмор, дозволете да ви ја предложиме Јужна Африка.

Постојат безброј работи во кои можете да уживате додека сте таму, без разлика дали патувате со семејството, пријателите или саканата личност. Плажите кои ја красат Јужна Африка се меѓу нејзините најпопуларни атракции, а овој дел од светот ги поседува во изобилие. Сепак, некои плажи секако се подобри од другите, како што и секогаш се случува.

Доколку сте во потрага по годишен одмор кој ќе го поминете во сончање и мирни бранови кои удираат во крајбрежјето, овој пат ви претставуваме неколку плажи по наш избор, кои дефинитивно треба да ги земете предвид.

Camps Bay


Оваа плажа се наоѓа на листата на најдобри плажи на светот, дел поради своето неверојатно опкружување, а дел и поради својата близина до другите локалитети.

Dolphin Beach


Ако го земеме предвид нејзиното име, јасно нѝ е дека на оваа плажа ќе може да видиме делфини кои си играат на брановите. Идеална е за семејство.

North Beach


Оваа плажа е најпопуларна поради погодностите и достапните спортови на вода. Нуди неверојатен ноќен живот и луксузни хотели.

Thompson’s Bay


Ако тргнете 50-на километри северно од Дубан, ќе наидете на прекрасниот крајбрежен град Балито. Тој е мал, идиличен и приватен.

Kogel Bay


Ова е плажа која се наоѓа на популарната сценографска рута, која често ја посетуваат туристите кои бараат китови.

Umhlanga Rocks


Неверојатна плажа сместена на KwaZulu-Natal крајбрежјето, веќе долго е популарна туристичка дестинација.

Nahoon Beach


Оваа плажа е прекрасно место за семеен одмор и за оние кои сакаат да уживаат во сончање.

Santos Beach


Сантос плажата е најдобра дестинација во своето опкружување. Таа е опкружена со палми и се спушта нежно кон водата која е идеална за деца, поради многу малите бранови.

Langebaan Beach


Оваа плажа привлекува внимание со своите уникатни формации и совршена клима за сурфање со змеј. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг