Крах на еден од симболите на германската економска моќ! Илјадници работници во Дојче Банк остануваат без работа

Точка

08/07/2019

20:35

6.599

Големина на фонт

а а а

Илјада работници на "Deutsche Bank" ширум светот - денес добиле отказ. Ова е досега најголема криза во еден од симболите на германската финансиска моќ.

Германската банка најавила дека ќе елиминира цели тимови во Азија и Австралија во рамките на џиновскиот план за "деловен рестарт". Првите откази се поделени во Сиднеј, Хонг Конг и на други локации во азиско-пацифичкиот регион. Само во Азија, "Deutsche Bank" практично ќе ги затвори сите филијали, а другиот дел од "сечењето" ќе се случи во САД и во Европа. 

Банката соопштила дека ќе се намали глобалната работна сила за 74.000 луѓе до 2020-та година, во финансиски потег кој ќе чини 7,4 милијарди долари.

Не е соопштено кои работи најмногу ќе страдаат, но најавено е дека банката во целост се повлекува од сите области кои се поврзани со тргување со акции. Најголем дел од тие операции се наоѓаат во канцелариите во Лондон и Њујорк.

Во некои од Филијалите на вработените ќе им бидат понудени отпремнини. Извор од канцеларијата на банката во Хонг Конг вели дека атмосферата во компанијата е "мрачна" , откако вработените биле повикани на состанок.

"Имаше неколку рунди разговори со претставници од одделението за Човечки ресурси, каде ни ги делеа тие пакети и ни рекоа дека можеме да ја напуштиме зградата", рекол овој извор. И на вработените во Лондонската филијала им било кажано да се спакуваат, пред да им бидат деактивирани идентификациските картички.

Директорот на "Deutesche Bank", Кристијан Зевинг овие мерки ги нарекол "рестарт, кој фокусот на компанијата ќе го врати на клиентите". Според неговите зборови, идејата е "банката да се врати на своите корени, поради кои банката станала една од водечките во светот".

Тој рекол дека поради тоа биле донесени некои непријатни одлуки и дека му е јасно дека "ова ќе има длабоки последици на животите на луѓето".

Драстичните мерки уследиле по неуспешниот обид за спојување со конкурентната "Commerzbank" во април 2019-та година. Спојувањето го поддржала германската влада, но двете банки се откажале од преговорите, откако дошле до заклучок дека договорот би бил прескап.

Со овој потег банката, која некогаш била симбол на германската економска сила, практично се откажала од обидот да се приклучи во највисоката лига на мегабанки, како што се "Goldman Sachs" и "J.P Morgan Chase", пишува "New York Times".




Спонзорирани линкови

Маркетинг