Спонзорот на украинскиот претседател ја шокирал јавноста: Погрешно сте известени! Војната во Украина е од американски, а не од руски интерес

Точка

08/07/2019

19:47

7.550

Големина на фонт

а а а

Спонзорот на новиот претседател на Украина, бизнисменот Игор Коломојски, изјавил дека судирот во Донбас не е инспириран од Русија и било кого, туку дека се работи за внатрешен судир.

Тој додал дека судирот е во интерес само на Америка, која им пружа воена помош на властите на Украина и држи санкции против Русија, додавајќи дека украинските војници ги обучуваат западни воени инструктори. 

Во интервју за неделникот "Новоје времја", Коломојски тврди дека конфликтот во Донбас се подготвувал 20-тина години, а посебно по 2004-та година, во време на судирот на претседателските кандидати Виктор Јушченко и Виктор Јануковиќ, кој се претворил во "портокалова револуција".

За време на претседателската кампања, новиот претседател Владимир Зеленски неколку пати спомнал дека сака крај на конфликтот во Донбас, но очигледно нема контрола над армијата, бидејќи отворањето на оган во последно време станало уште поинтензивно.

Претходното раководство на Украина било против сите кои сметале дека во "Донбас има внатрешен судир". Во јануари 2018-та година Украина донела закон во кој се вели дека Русија е агресор во Донбас и дека окупирала дел од Украина. Порошенко затоа и одбивал директни преговори со претставниците на Доњецк и Луганската област.

Во интервјуто кое го дал пред одењето во Италија, Путин рекол дека е можна негова средба со Зеленски ако тој почне да ги исполнува мировните договори од Минск.

Одреден број политиколози во Киев сметаат дека оваа изненадна критика на американската политика во Украина од страна на Коломојски е резултат на лутината кон Вашингтон, кој порачал дека олигархот не може да има никаква функција во Украина.

Наводно, главната цел на Коломојски е да го врати имотот кој му го одземал и национализирал Порошенко.

Прашање е каков став ќе заземе Зеленски, кој пред изборите Порошенко го нарекувал марионета на Коломојски. Порано или подоцна претседателот на Украина ќе мора да преговара со претставници на Доњецката и Луганската област, бидејќи со сила не е реално да се врати таа територија. А што се однесува до Крим, од Москва повторуваат дека тоа прашање е решено засекогаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг