Анчелоти посочи кои клубови ќе бидат најголеми ривали на Наполи во новата сезона

Дерби

08/07/2019

19:20

1.957

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот фудбалски стручњак, Карло Анчелоти ги посочи клубовите кои според него ќе бидат најголем предизвик за неговиот Наполи во наредната натпреварувачка кампања.

Анчелоти издвои два тимови-тоа се актуелниот шампион Јувентус и подновениот Интер кој ќе биде преводен од Антонио Конте. Воедно дон Карло уште еднаш индиректно порача дека посакува на „Сан Паоло“ да го види колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез.

-Наполи ќе мора да се натпреварува со Интер и Јувентус. Тие ги променија тренерите, додека ние веќе се знаеме. Тоа ќе биде Наполи во линија од минатата сезона, но секако дека сакаме да се подобриме, особено за она што го оставивме зад себе во втората половина на сезоната. Убеден сум дека ќе бидеме подобри. Од тактичка гледна точка, нема да има големи промени. Квалитетот на нашата игра е основа на нашата идеја. Хамес Родригез сигурно ќе додаде многу квалитет, но за жал, тој се уште не е играч на Наполи. Можеби никогаш нема да биде, можеби ќе биде. Не сакам да зборувам за играчи од други тимови. Ние ги оценуваме можностите на пазарот. Исто бараме играч од средината на теренот, играч како Фабијан (Руиз) способен да игра на повеќе позиции и на неговата вредност. Единствено што е сигурно е што немам дадено зелено светло за заминувања. Можеби има некои играчи кои сакаат да го променат клубот, но ќе бидат оценети од случај до случај. Нашата идеја е да не ги продаваме нашите најдобри играчи, -порача трофејниот стратег.



Спонзорирани линкови

Маркетинг