Сите знаат дека новата генерација на Toyota Supra е во голема мера базирана на BMW Z4, па многумина се запрашаа – кој автомобил е побрз?
Двата модели се премногу слични, па така имаат сличен ентериер и инфотејнмент систем и истиот 3,0-литарски B58 агрегат на BMW. Овие сличности не им се допаднаа премногу на љубителите на јапонскиот модел кои што сметаат дека кај Supra германското влијание е преголемо.
Со самото тоа, кога двата автомобили се премногу слични, се поставува прашањето кој автомобил има подобри перформанси? За одговорот на тоа прашање се погрижи Мет Вотсон од Carwow, а пред да го погледнете видеото, ова се „бројките“ на двата модели.
Двата модели го користат истиот шестцилиндрен 3,0-литарски агрегат на BMW кој развива 340 коњски сили и 270 Nm максимален обртен момент, кој доаѓа во комбинација со осмостепенската ZF трансмисија со конвертор на обртниот момент. Главната разлика помеѓу Supra и Z4 е во каросериската конфигурација – јапонскиот адут е купе, а германскиот роудстер, со што Z4 е потежок за 40 килограми.