Сара Џесика Паркер открила зошто за малку ќе се откажела од серијата „Сексот и градот“

Точка

08/07/2019

14:30

2.745

Големина на фонт

а а а

Актерката Сара Џесика Паркер изјавила дека еднаш за малку ќе го напуштела снимањето на серијата „Сексот и градот“, поради непримерното и непријатното сексуално однесување на еден од актерите.

Иако тематиката на серијата е таа која што сите ја знаеме, вели дека и понатаму можела да почувствува родова нерамноправност.


„Колку и да мислев дека сум 'развиена' и модерна, никогаш не се чувствував така. Која и да беше мојата улога на сетот, не се чувствував силно како мажот кој се однесуваше непримерно. Чудно ми е тоа да го кажам гласно, бидејќи имаше неверојатно многу ситуации во кои јас ја имав посилната улога, а не се чувстував така“, рекла актерката.

Толку многу се чувствувала лошо, што еднаш на својот агент му рекла да им каже на продуцентите дека ќе си замине ако не се промени однесувањето на снимањата.


„Им рече 'ако продолжи ова, ќе ѝ купам карта за во еден правец надвор од градот и повеќе никогаш нема да се рвати'“, раскажала Сара. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг