“Моите соученици собираа петиција да се самоубијам”: Минатата година ја нашле без сознание на подот во нејзината вила, а денес живее без пороци

Кармин

08/07/2019

12:00

9.039

Големина на фонт

а а а

Поранешната ѕвезда на Дизни, Деми Ловато, имала само 10 години кога ја добила својата прва телевизиска улога, но наместо да бидат горди, децата од училиштето биле неверојатно злобни кон неа. Тогаш започнале сите нејзини проблеми и несигурности.

“Кога имав 12 години, во училиштето потпишаа петиција која требаше да ме поттикне да се самоубијам. Ме нарекуваа к*чка и ми велеа дека сум дебела и грда. Знам дека не требаше да ги слушам, но сè земав при срце. Мислев дека немам пријатели само затоа што сум дебела”, изјавила Деми во едно постаро интервју. 

Како одговор на врсничкото малтретирање, Деми започнала да се изгладнува:

“Се терав себеси да повраќам до шест пати дневно”, признала таа, а подоцна во 2008 година започнала борбата со булимијата и депресијата откако нејзиниот деби албум “Don’t Forget” бил продаден во половина милион примероци. Следната година, на само 17 години, Деми за првпат пробала кокаин.


“Живеев брзо и мислев дека ќе умрам млада. Мислев дека нема да доживеам 21 година”.

Во 2010 година, таа ги поминувала деновите во забава, консумирајќи дрога и алкохол, а подоцна “се смирила” откако го запознала Вилмер Валдерама, познат по улогата на Фез во серијата “That 70’s Show”. Парот во текот на 6-годишната врска неколку пати раскинувал, но тие секогаш пронаоѓале начин да се вратат еден на друг.


“Страста помеѓу нас никогаш нема да згасне, но научив дека не можам да барам од другите да ме надополнуваат кога се чувствувам осамено. Постојано се прашував дали ја донесов вистинската одлука. Не знам дали засекогаш го изгубив, но моето срце засекогаш ќе биде покрај него”, открила Ловато во 2016 година по конечното раскинување, по кое повторно им се вратила на пороците.

Целата ситуација кулминирала во јули 2018 година, кога пејачката се предозирала во својата вила, иако неколку месеци претходно на концерт во Њујорк им порачала на своите фанови дека е чиста веќе 6 години.


“Вчера, пред 6 години, пиев вотка од пластично шише и повраќав во автомобилот. Се сеќавам дека тогаш помислив дека тоа повеќе не ми е забавно и дека сум станала иста како мојот татко”, изјавила тогаш Деми пред публиката.

Сепак, по последниот колапс и рехабилитацијата, Ловато им ветила на своите фанови, но и семејството и пријателите дека овој пат нема да им потклекне на пороците и дека наскоро ќе прослави една година без дрога. 26-годишната пејачка неодамна била забележана во Лос Анџелес во друштво на пријателите со кои планинарела и била одлично расположена и покрај фактот дека во таа борба “накачила” некој килограм вишок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk