Џејмс Гист ја засили Црвена ѕвезда

Макфакс

08/07/2019

10:53

1.136

Големина на фонт

а а а

Американецот Џејмс Гист е новото засилување на КК Црвена ѕвезда, објави шампионот на АБА-лигата.

Гист, кој е крилен-центар, но може да ја покрие и центарската позиција, со Црвена ѕвезда доцна синоќа потпишал две годишен договор.

Овој 32 годишен Американец студирал на универзитетот Мериленд, но кошаркарското име го изгради во Европа настапувајќи за Биела, Локомотив Кубан, Партизан, Фенербахче, Уникаха и Пантинаикос каде играше во последните шест сезони.

Гист е четвртото засилување за Црвена ѕвезда во пресрет на новата сезона, претходно во клубот пристигнаа Дерик Браун, Огњен Кузмиќ и Чарлс Џенкинс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг