Кралското семејство објави фотографии од крштевката на синот на Меган и Хари

Макфакс

07/07/2019

17:57

2.906

Големина на фонт

а а а

Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор беше крстен вчера на мала приватна церемонија во замокот Виндзор.

Синот на британскиот принц Хари и неговата сопруга, Меган Маркл, двемесечниот Арчи, според кралската традиција, бил испрскан со вода од реката Јордан над крстилницата Лили Фонт, во која што кралицата Викторија и принцот Алберт го крстиле своето прво дете, ќерката Викторија, во 1841 година.

Арчи бил облечен во рачно изработена реплика на кралскиот фустан за крштевање.

На церемонијата не присуствувала кралицата Елизабета поради претходно закажани обврски.

На крштевањето меѓу другите присуствувала и мајката на Меган, Дорија Рагленд.

Медиумите не беа повикани, а двојката дури и не открива кои се кумови на Арчи. Разочараните Британци, кои се надеваа дека крштевањето на кралското бебе ќе можат да го гледаат на телевизија, добија две фотографии од крштевањето кои се објавени на „Инстаграм“.

Арчи е роден на 6 мај и е седми по ред за наследување на британскиот престол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг