Разводот на Безос изнесува 38,3 милијарди долари: Основачот на Амазон останува најбогатата личност на светот со богатство од речиси 115 милијарди

Точка

06/07/2019

16:16

3.459

Големина на фонт

а а а

Најбогатиот човек на светот, основачот на компанијата Амазон, сега е и официјално разведен, а овој потег ќе го чини акции во вредност од 38,3 милијарди долари.

Кога во јануари Џеф и Мекензи Безос објавија дека ќе се разведуваат, Амазон соопшти дека 4 отсто од компанијата односно акции во вредност од 19,7 милиони долари ќе бидат регистрирани на нејзино име.  


Иако тогаш се појавија “грижи” дека Безос со тоа ќе заврши со намалено право на глас во компанијата, тој задржува удел од 12 отсто вреден 114,8 милијарди долари и со тоа останува на првото место на најбогатите луѓе на светот, наведува Блумберг.

Мекензи во мај најави дека половина од своето богатство ќе го донира во хуманитарни цели, приклучувајќи се на кампањата “The Giving Pledge” која во 2010 година ја покренаа милијардерите Ворен Бафет и основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг