Рајо Ваљекано одбил понуда од Реал Бетис за Столе Димитриевски

Дерби

06/07/2019

14:56

1.685

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Столе Димитриевски го привлекува интересот на неколку клубови од Ла Лига кои сакаат да го ангажираат ова лето.

Димитриевски со Рајо минатата сезона испадна од најсилната шпанска лига, но неговите настапи не останаа незабележани па тој е мета на неколку клубови од Ла Лига.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Реал Бетис испратил понуда од 15 милиони евра за услугите на Столе Димитриевски и неговиот соиграч Алекс Морено.

Сепак понудата веднаш била одбиена со образложение дека е многу ниска за двајца клучни играчи на Рајо, а Бетис наводно не планирал да испраќа нова понуда туку ќе се насочел кон ангажман на Адриан кој во моментов е слободен агент откако му истече договорот со Вест Хем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг