Џенифер Лопез ја пронашла својата двојничка, исто како и некои други славни дами.
Пејачката Кони Пена неверојатно личи на Џеј Ло, а сега конечно ја запознала славната пејачка.
„Конечно имав прилика да ја запознаам оваа легенда, мојата икона и жената која ме мотивираше и многу влијаеше на мојот живот“, напишала двојничката на Џеј Ло, под заедничката фотографија на Инстаграм.
Кони вели дека Џеј Ли дошла до неа со насмевка. Ја прегрнала и ѝ рекла: „Баш личиме“.