Професорот Стефан Сидовски-Сидо ќе биде погребан утре во Бутел

Макфакс

06/07/2019

13:19

1.560

Големина на фонт

а а а

Професорот Стефан Сидовски-Сидо ќе биде погребан утре. Сите кои сакаат да му одадат почит можат да ја проследат службата, која ќе започне во 10.20 часот во капелата на градските гробишта Бутел.

Професорот по филозофија и многугодишен вљубеник во филмот Стефан Сидовски – Сидо беше еден од најомилените професори цели 36 години во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а професорската работа ја продолжи како вонреден професор по историја на филм и теорија на филм во ЕСРА.

Сидовски беше режисер и глумец во своите аматерски филмови, а има и еден краткометражен професионален филм.

Тој е автор на филмовите „Контејнер“, „Полуден револуционер“, „Raison d’etre“, „Средба“, „Големиот оратор“ , „C’est la Vie“. Неговиот последен филм, објавен на Јутјуб, е насловен „Последното кафе“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг