Нова драма на пребеганата арапска принцеза: Владетелот на Дубаи нема да ја остави на мир! Следи правна битката околу децата во Лондон

Точка

06/07/2019

13:10

8.343

Големина на фонт

а а а

Владетелот на Дубаи, шеикот Мухамед бин Рашид Мактум наскоро пред судот би можел да сведочи за својот однос кон ќерката, принцезата Латифа, што би требало да биде клучно за парницата со неговата сопруга Хаја, која побегнала во Лондон.

Најмладата сопруга на владетелот на Дубаи, со месеци детално планирала бегство во Лондон со своите две деца откако дознала дека сопругот ја лажел за "затворањето и мачењето на неговата постара ќерка, принцезата Латифа", пренесува "Daily Mail". 

Се верува дека 45-годишната Хаја бинт Ал Хусеин, сега се крие во Велика Британија со 11-годишната ќерка Џаила и 7-годишниот син Зајед и дека е подготвена за повеќемилионски развод и остра борба за старателство над децата.

Според пишувањето на британските медиуми, принцезата Хаја, една од шесте сопруги на шеикот, ја дознала вистината за тоа што направил нејзиниот сопруг со сопствената ќерка, па се плашела дека истото може да и се случи и на неа.

"Принцезата веројатно се исплашила дека нешто слично може да се случи со неа и нејзините деца, па затоа одлучила да побегне", рекол извор близок до семејството.

Ќерката на владетелот на Дубаи, Латифа Мухамед ал Мактум, го напуштила Дубаи на јахта минатата година, но ја уапсиле специјалци и моментално се наоѓа во затвор. Таа пред апсењето снимила неколку видеа во кои рекла дека нејзиниот живот е лага, дека ја мачеле и дека две години била во затвор откако се обидела да побегне.

Принцезата Хаја сега наводно се наоѓа во својата куќа, вредна 85 милиони фунти, во Кенсингтон, каде чека почеток на судењето следниот месец. Шекиот Мактум пред судот во Лондон започнал правна постапка против принцезата Хаја, во која ќе се одлучува за старателството над нивните две деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг