На почетокот на оваа година Селин Дион беше опкружена со разни шпекулации поради нејзиното слабеење. Значително ослабна, а нејзините обожаватели брзо го воочија тоа и набрзо ги преплавија социјалните мрежи со коментари.
Многумина мислеа дека Селин води борба со анорексија бидејќи нејзиниот поранешен сопруг и менаџер Рене Ангелил почина на почетокот на 2016-та година. Два дена потоа почина и нејзиниот брат Даниел.
Сепак пејачката демантираше сè со своето ново хоби, а како што вели таа, поради него слабее толку многу.
Балетот моментално е нешто со што е опседната па се пофалила дека дури четири пати неделно ја вежба својата кореографија.
Тоа што многумина го забележале на овогодишната манифестација е ѓерданот кој што го носела оваа популарна пејачка. Станува збор за добро познатиот ѓердан од филмот „Титаник“.
Ѓерданот со син дијамант од популарниот филм кој го носеше актерката Кејт Винслент сега, благодарение на Селин Дион се најде во Париз.
Бидејќи фотографиите брзо се раширија на социјалните мрежи се дозна дека станува збор за копија од тој ѓердан.