Еве што претставува популарната „Whole 30“ диета: Еден месец пекол за видливи резултати

Кармин

05/07/2019

17:50

4.271

Големина на фонт

а а а

„Whole 30“ диетата во последно време стана голем хит, па и познатите спортисти како Коби Брајант и Леброн Џејмс ги направиле своите принципи на исхрана според овој начин на исхрана. Потребно е да се биде многу истраен и да се откажете од својата омилена храна еден месец.

Со исфрлање на сите житарици, млечни производи, мешунки, алкохол и намирници со дополнителен шеќер и адитиви ќе постигнете неверојатни резултати и ќе го прочистите својот организам.

Како изгледа диетата „Whole 30“?

Потребно е цели 30 дена да консумирате, месо, риба, јајца, зеленчук (може и некое одредено овошје и здрави масти). Целта е да ги намалите воспалителните процеси на телото и да ослабнете, а како резултат на тоа ќе бидете поенергични, а вашата кожа ќе блеска.


Отфрлање на намирници кои се преполни со бел шеќер и разни адитиви кои се користат во произведување на храната ќе предизвика позитивен ефект на вашето здравје во поглед на намалување на килограмите, регулирање на крвен притисок и постигнување на подобар сон.

Овој популарен режим на исхрана е делотворен доколку го применувате со помош на нутриционист, а тоа е особено важно кај луѓето кои се алергични на одредени намирници. Во такви случаи треба да се одлучите за поумерен облик на оваа диета.

Со оглед на тоа што оваa диета подразбира целосна елиминација на одредени нутритивни состојки, како шеќер, многу е важно да не дојде до цела низа нутритивен недостаток во телото. Затоа на пример, потребно е да внесувате овошје и поголема количина вода, зеленчук и протеини, а сето тоа е со намера да ги замените намирниците богати со обработени јахлехидрати и шеќери.


Најголемата грешка која може да се случи во текот на било која диета е преголемото влијание на секојдневниот живот. До планот на диетата секогаш треба да се придржувате, меѓутоа, не до таа мера таа да постане единствениот сегмент во вашиот живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk