Дејвид и Викторија на кралски начин ја прославиле 20-годишнината од нивниот брак

Кармин

05/07/2019

17:39

2.579

Големина на фонт

а а а

Дејвид и Викторија Бекам вчера одбележале 20 години од бракот со емотивни посвети еден кон друг на Инстаграм.

Славниот пар одлучил јубилејната годишнина да ја прослави во кралски стил на приватна турнеја во познатиот дворец „Versailles“, во истоимениот француски град.

Се фотографирале и покрај познатиот Храм на љубовта, а за прославата на годишнината се дотерале најдобро досега, иако тие двајца секогаш изгледаат совршено.

Викторија носела елегантна бела тоалета со миди должина на ракавите и длабок „V“ израз, а изгледот го надополнила со црвени модни детали, односно чанта и салонки. Дејвид, како и секогаш, бил многу згоден во класично црно одело кое го искомбинирал со чизми.

„Приватна турнеја од соништата!“, напишала Викторија на својот Инстаграм профил и им се заблагодарила на сите кои им го овозможиле ова „незаборавно искуство“, а според фотографиите кои ги објавиле, изгледа дека навистина уживале во оваа посебна прослава на годишнината. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk