Од таборот на Манчестер Јунајтед денеска официјално потврдија дека младиот, 23 годишен фудбалер, Андреас Переира го продолжил договорот со клубот.
Бразилскиот интернационалец се согласил на нова четиригодишна соработка со можност за останување уште една сезона.
Переира се приклучи на академијата на Манчестер Јунајтед во 2011 година и од тогаш запиша 35 настапи во првиот тим на „ѓаволите“.
– Долго време сум во Манчестер и можам да кажам дека градот и клубот се мојот дом и сум неверојатно среќен што ќе ја продолжам кариерата тука. Менаџерот покажа голема верба во мене и со нетрпение чекам да започне новата сезона, - истакна Переира при потпишувањето на договорот.