Интригантен остров со голема историја кој мора да го посетите доколку летувате на Лефкада или Кефалонија

Точка

05/07/2019

15:50

6.326

Големина на фонт

а а а

Повеќе од интересна судбина го следеше островот Скорпиос недалеку од Лефкада и Кефалонија. Додека секоја година размислуваме каде ќе летуваме и колку пари ќе ни бидат потребни за одмор, постојат и оние кои имаат острови во своја сопственост.

Во Јонското море недалеку од градот Нидри на островот Лефкада се наоѓа малиот приватен остров Скорпиос.

Богат е со шума и има неколку величенствени плажи, а на островот се наоѓаат и три вили, хелиодром и пристаниште за јахти. Пред една од вилите има плажа од бел песок.

Овој остров најпознат е по својот сопственик, Аристотел Оназис, грчкиот бродосопственик кој во 60-те години го купил овој остров за 11 илјади евра.

Баш на овој остров во приватна капела која е направена за таа прилика, Оназис се оженил во 1968-та година со вдовицата на американскиот претседател на Америка Џон Кенеди - Жаклина Џеки Кенеди.

Во близина на крајбрежјето се наоѓа вила која ја нарекуваат “Цветна куќа“ на која е прославен вториот брак на Оназис со Џеки Кенеди.

Постојат уште две резиденции, убава грчка православна капела, еден мал клуб на јахта, пристаниште на кое Оназис ја сместил својата најлуксузна јахта на светот “Кристина“, наречена по неговата втора ќерка во чија чест го купил овој остров.

На крстарењето со оваа јахта тој ја започнал и својата афера со оперската дива, Марија Калас.

Марија и Оназис во јавноста беа омилениот љубовен пар во то време. Нивното познанство било скандал. Таа, оперска дива, а тој најбогатиот човек на планетата.

Тој никогаш не се венчал со оперската дива иако сите го очекувале тоа. Страста со текот на годините се губела и полека се претворала во долгогодишен обичен роман. Па така, на општо изненадување на јавноста, по неколку години Оназис се оженил со својата стара пријателка, вдовицата на американскиот претседател Кенеди - Џеки.


Овој остров бил во центар на светската јавност кога на него се одржувала церемонијата на венчавката на Џеки и Оназис.

На островот исто така се наоѓаа семејниот маузолеј каде што се погребани Аристотел Оназис и неговите две деца, ќерката Кристина и синот Александрос.

Со оглед на тоа дека островот е приватен ништо од вилите и екстериерот не може да се видат таму. Најблиску каде што туристите можат да пријдат е со брод кој крстари околу островот каде што може да ја слушнете историјата на ова неверојатно место.


Оназис го пошумил Скорпиос и наредил песокот да се донесе од плажи од Африка. Благодарение на него Скорпиос денес е вистинска оаза на мирот, но не за широката народна маса.

По смртта на Оназис неговата втора ќерка Кристина го наследила овој остров, но на 37 години починала од срцев удар, па овој остров го наследила внуката на Оназис, Атина.

Иако кружеле гласини дека Оназис во својот тестамент напишал дека никој од наследниците не може да го стави на продажба овој остров, сепак внуката Атина бидејќи не можела сама да ги покрие трошоците за одржување на остовот, во 2013-та година го дала на откуп на Екатерина Риболовлев, ќерка на рускиот милијардер на 100 години.


Екатерина планира таму да создаде прибежиште за богатите и моќните.

Атина денес не може ниту да ги посети гобниците каде што се погребани нејзините најблиски.

Сите туристи кои летуваат во Лефкада може да појдат на крстарење до овој остров. Бродовите тргнуваат од гратчето Нидри.





Спонзорирани линкови

Маркетинг